Ми претставува посебна чест што во Битола, во градот на конзулите,како шеф на македонската дипломатија, нели тоа ми е работата, има многу логика да сум тука.
Сакам да го поздравам идниот градоначалник Наташа Петровска и имам една убава вест, дел од тоа можеби е најавено во периодов меѓутоа во преговори сме и во прилично последна фаза ги договараме условите на делумно ефтин кредит,ефтин грант со јапонската агенција на развој JKAза нивна поддршка и со нивната компанија Мицубиши во однос на РЕК Битола, производството да биде многу почисто и поеколошко.
Мислам дека тоа е доста важно прашање и за Битола како град и воопшто за Р. Македонија како држава. Друго што можам да кажам што важи за цела држава е тоа што мора да си ги отвориме перспективите и мора да си ја отвориме идинината. Мора да си ги убедиме младите дека имаат иднина во Р.Македонија, а за таква работа треба дома да имаме ред, треба да имаме систем што ќе биде чесен и треба да имаме визија каква Македонија сакаме за 5 години од денес, за 10 години од денес.
Да знаеме дека има место за нас во ЕУ, да знаеме дека нашиот пасош ќе вреди, да не трчаме по други пасоши. Сакам да дадам една поддршка, јас како што знаете не сум член на политичка партија но меѓутоа мислам ние за жал уште немаме луксуз за партиски натпревар бидејќи ни беше срушен и понижен системот. Имавме очигледна неправда, институциите не реагираа, се организиравме како нација и опшество, успеавме првиот чекор да го направиме минатиот декември,сега треба да го направиме завршниот чекор на 15ти октомври.
Имаме уште 8 дена, покажавме дека како нација имаме сила да кажеме НЕ на очигледно лошо, сега треба да покажеме дека имаме сила да си го изградиме системот посилен од што беше. И затоа мислам дека можеби следниот пат ќе има некаков натпревар, сега уште нема. Сегашната битка е да си ја спасиме и да си ја изградиме Македонија да ни биди поцврста и да ни биде сигурна.