Се наоѓаме во срцето на Старата Битолска Чаршија, која за воља на вистината памети многу подобро време од денешното.
Она што некогаш беше на далеку прочуен центар на трговија и на еснафот, она што некогаш ни ги полнеше душите со добра музика и звуци од старите занаети, ДЕНЕС е оставено на милост и немилост на мајката природа, на нечие промаршено (лошо) домашно воспитување, а најмногу на немањето слух за подобрување на состојбата од страна на сеуште актуелната локална власт во заминување!
Битолската Чаршија е денес полупразна,дуќаните после повеќекратните удари како нестимулирање на малото стопанство, како и изумирањето на старите занаети, се доведени до состојба која не само што не е пријатна за око, туку и ја загрозува безбедноста на сите кои живеат во оваа Чаршија и на случајните минувачи и посетители. Денешната слика е руинирани и тотално демолирани објекти и дуќани, уништена калдрма, искршени плочи, искршени бетонски столбчиња поставени на неколку локации низ Чаршијата, кои патем требаше да го спречат или намалат движењетона тешки товарни возила низ неа, а додатно ја уништуваат, како и ужасната хигиена.
Ако ОВА претставува слика на актуелната локална власт за нивната грижа и љубов за Битола и битолчани, и со над 20 милиони евра годишен буџет на располагање, тогаш јас би сакала да им порачам да не се „грижат“ до толку и да не се „грижат“ повеќе.
На 15ти ќе испратиме јасна и силна порака дека грижата и одговорноста ја земаат во свои раце оние кои вистински имаат желба и љубов да ја вратат Битола на колосек. Коалицијата предводена од СДСМ, посветено, професионално и упорно ќе работи на ревитализација,реанимација и реновирање на оваа чаршија, како и на враќање на нејзините културно-уметнички вредности и афирмација на истите.
Да го вратиме духот на старата битолска чаршија.
Со љубов.
Изјави кандидатот за советник – Татјана Крнчевска