Образованието во Битола ќе добие нов сјај

Бидејќи денес е 5ти октомври, меѓународниот ден на учители да им го честитам празнникот и денот на сите мои колеги. Не би зборувала за состојбите во образованието, многу сме говореле во изминатиот период, особено за состојбата на училиштата во општина Битола, меѓутоа од овде сакам да кажам кои ќе бидат нашите заложби како идна локална самоуправа и моите лични заложби како градоначалник.

Ќе обезбедиме енергетска ефикасност во училиштата преку сончеви колектори обезбедувајќи средства од надворешни фондови. Ќе одржуваме редовно,тековно се што им е потребно на училиштата и во средните и во основните училишта меѓутоа и во градинките.

Ќе извршиме изградба, реновирање и опремување на спортските сали и спортските терени во училиштата. За жал многу училишта во Битола се со очајни спортски терени и едноставно нашите деца немаат нормални основни услови за да ги изведуваат своите активности.

Ќе ги зајакнуваме капацитетите на локалната самоуправа за подобрување на работата на општинската администрација и работата во училиштата. Досега за жал имавме можност односно локалната самоуправа најчесто контактираше само со директорите на основните и средните училишта. Она што ќе го подобриме е отварање во една поширока рамка, односно овозможување и на наставниот кадар и на стучните соработници да имаат средба со градоначалникот, да имаат средба со одделението за јавни дејности како редовно би се детектирале проблемите и истите би се решавале.

Ќе извршиме доопремување на кабинетите и библиотеките. Години наназад сме се залагале како пример за набавка на интерактвни табли меѓутоа никогаш немало дослух од влаејачкото досегашно мнозинство.
Ќе вршиме финансиска помош на најранливата категорија на граѓани. Почетокот на школската година носи свои трошоци и јасно е дека низа наши сограѓани се соочувале со тоа како да ги набават тетратките и моливите за своето дете. Се фалеа со бесплатно образование меѓутоа за жал овие проблеми за кои говорам беа реалност и факт во нашата општина. Локалната самоуправа мора да ги згрижи ваквите ранливи категории.

Летни кампови, курсеви и семинари исто така ќе бидат наша преокупација кои што ќе бидат надвор од редовната настава и ќе ги оплеменат всушност знаењата на нашите ученици, на нашите деца особено од еко културата и сообраќајната култура. Обезбедувањето во училиштата повеќе нема да биде должност на родителите, нема да се базира на така наречениот неменски денар туку тоа ќе биде должност и обврска на локалната самоуправа, таа тоа ќе го обезбедува и исто така што е важно и суштински значајно е организирање на спортски активности за децата со посебни потреби. З
а жал оваа локална самоуправа што ја имавме досега ги остави родителите на децата со посебни потреби сами да се организираат, сами да ги финансирааат и сами да овозможуваат всушност вакви спортски активности на своите деца. Тие се деца како и сите останати деца во нашиот град, локалната самоуправа сите активности во таа насока ќе ги превземе на свој грб.

Значи генерално земено образованието во општина Битола ќе биди во многу поинаква форма и многу поголем сјај.
И пак бидејќи денес е денот на учителите би им порачала на сите мои колеги да не се плашат за своите работни места, стегите и притисоците кои што постоеа во училиштата ќе бидат минато и тоа сигурно ќе го видат наскоро после промената на локалната самоуправа.

Изјави кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата Наташа Петровска.