Ковачевски:Илиоски е најгрешниот избор на ДПМНЕ досега

Голем сенароден митинг во Битола беше помпезната најава од ДПМНЕ, а реалната слика беше ништо повеќе од мал, оскуден собир на плоштадот Магнолија.

Дури и нивниот лидер Груевски не ги удостои со присуство на почетокот, дојде при крајот да се обрати и брзо брзо си замина.

Се обратија истите луѓе, тие кои ја уништија Битола, кои 12 години газеа по правдата, по моралот и достоинството, сеејќи меѓучовечка и меѓуетничка омраза а жнеејќи само лична корист.

Кандидатот за Градоначалник на Битола, Зоран Илиоски, со своето минато во политиката е најгрешниот избор на ДПМНЕ, до сега воопшто.

Илиоски, како пратеник од 2014годинагласаше за донесување на буџетите за 2015, 2016 и 2017 година. Во овие буџети тој не ги поддржа амандманите од нас битолските пратениците од СДСМ и коалицијат,со кои баравме средства за реконструкција на Офицерскиот дом, за изградба на Копанки, за пречистителни станици на 5тиот канал и подпелистерските села, за изградба на нов старски дом и нова градинка, за нов ГУП на Битола, за гасификација на Битола, за еколошки проекти и многу др.

Истовремено, тој поддржа трошење на парите на битолчани за споменици и фонтани во Скопје, за панорамско тркало во Вардар, за рајска градина во Аеродром и за многу други проекти штетни по нас граѓаните.

Како претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Битола во периодот од 2011 до 2016година, активно го поддржуваше Владимир Талески и неговите погубни политики за Битола со што станува негов сојузник и соучесник во уништувањето на Битола.

Како директор на ЈП Водовод од 2005 до 2014 имаше обврска  да го исполни главното ветување на Талески и ДПМНЕ за промена на сите азбестните водоводни цевки во градот, но тоа не го направи.  Единствено што направи е што ја поскапи цената на водата за 115% и да го оштети домашниот буџет на битолчани.

Зоран Илиоски, со кое лице стоиш пред граѓаните на Битола? Па уште повторно упорно и упорно ги лажеш.

Со кое лице глумиш посветен и вреден човек кога твојата политичка кариера беше насочена само за сопствен бенефит, а никогаш за граѓаните?

Со кое лице ги убедуваш граѓаните да ти веруваат? Тие добро паметат дека твојот телефонски број за нив постојанобеше недостапен и никогаш не ги удостои со пристојна средба и уреден разговор.

Како да ти веруваат кога 12 години беше глув и слеп за нивните маки?

Зарем мислиш дека битолчани тоа можат да ти го заборават?

Затоа, на 15 октомври битолчани ќе гласаат заподобро на своите семејства, а не за фамилијата на Груевски.

Ќе гласаат за ред, а не за хаос. Ќе поддржат напредок, а не беда.

Битола заслужува и ќе добие домаќинска локална самоуправа.

Битола заслужува да има живот во неа, за СИТЕ!