Чичаковски – Партиите итно да престанат со инцидентите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со сите инциденти и порача дека насилството може само да донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.

Во име на ДИК, ги повикува надлежните институции да ги расветлат немилите инциденти и да ги казнат сторителите, а сите политички партии да придонесат кон смирување на страстите, да влијаат на своите членови и кон спречување на какво било идно насилство или инциденти.