Степановски:Нови спортски игралишта во Кравари, Горно Оризари, Долно Оризари и други рурални средини

Нашата советничка листа ќе биде тимот што ќе работи за Битола во нова ера, за Битола каква што сакаат да ја видат сите битолчани. Овие локални избори се исклучително важни за иднината на нашиот град.

Нашата посветеност и борба за Битола ќе продолжи после 15 октомври со уште поголема енергија, креативност и посветеност.Ние младите генерации на Битола сакаме и се заложуваме да работиме за подобро утре и за иднина во Битола.

Битола – спортски град е наша и желба на сите битолчани. Токму затоа, наша одговорност беше желбата да стане реалност. Движејќи се во оваа насока, презедовме низа чекори со кои овозможивме финансиска поддршка на спортистите и спортските клубови, изработивме проекти и ја започнавме нивната реализација. Континуитетот ќе овозможи реално, комплетно остварување на спортската идеја, која е носечка за понатамошен развој на спортот во Битола.

Ќе продолжиме да работиме во таа насока, ќе го имплементираме проектот за изградба на нови спортски игралишта во руралните населби со кој се предвидени игралишта во Кравари, Горно Оризари, Долно Оризари и др места каде што општината има планска документација. Согласно изработената сообраќајна студија, општината ќе продолжи со изградба на велосипедски патеки на улицата Васко Карангелевски и други места. Со цел стимулација на понатамошен развој на спортот, стимулацијата на спортските успеси на Битола ќе се обезбедува  финансиската поддршка на спортските клубови.

Почитувани, ние продолжуваме да работиме на остварување на реални проекти и реални резултати. Нашата програма е одраз на потребите на сите битолчани, затоа што Битола е на сите! Битолчани добро знаат кому ја даваат својата доверба, и тоа ќе го потврдат уште еднаш на 15-ти октомври.

Изјави Горан Степановски  Кандидат за советник во Советот на Општина Битола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија