Кандидатката на Заев за Битола и натаму бега од одговор на поставените прашања.
Не ги одговори претходните прашања, а ние веќе имаме нови:
Како кандидатката на СДС планира да обезбеди вработувања за младите, кога до сега ниту еднаш не ги спомнала ни инвеститорите, ниту пак навела конкретни мерки и планови за инвестиции? Дали тоа значи дека во договор со Заев планира да ги поништи потпишаните договор за купени парцели во Индустриската зона Жабени, поради што новите инвеститори се несигурни и размислуваат за алтернативни локации? Дали вашиот молк значи дека со Заев и Царовска имате план за пренамена на парцелите во Жабени за изградба на прифатен центар за мигранти, откако претходно ќе ги избркате инвеститорите?
Од една професорка по математика стопанствениците очекуваат бројки, проценти, трендови, пресметки за проектиран развој, математички и егзактно изразени поволности… А вие до сега не сте ги споменале ни како инвеститори.
Кандидатке, професорке, добро знаете дека 27 април не е одговор туку изговор за избегнување на одговорите.
Вашите ученици и нивните родители сакаат да знаат дали Стив Наумов загинал опколен од пријателска војска на братска Бугарија или од бугарски фашистички окупатор?
Дали подготвеноста, послушно да соработувате во црниот план на Заев и Царовска за населување мигранти во Битола беше пресудна за градоначалничката кандидатура, покрај многу други поиздржани кандидати од СДС?
И не менувајте тема. Менувањето тема не е одговор, туку признание.“ –
Изјави кандидатот за советник во Советот на општина Битола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Марија Антиќ Костовска.