Офицерскиот дом е вистински симбол на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во овие 12 години во Битола. Успеаа да уништат едно огромно културно наследство притоа да немаат никаква грижа на совест.
Во меѓувреме се обидоа да почнат да градат згради на ова место и се обидоа да го продадат офицерскиот дом. Ние ветуваме дека продажби и градење на згради во овој дел нема да има. Она што ќе го направиме во наредните 4 години е обнова, адаптација и пренамена на офицерскиот дом во дом на културата во кој ќе се одржуваат свечености, приеми,концерти, проекции, изложби и други активности од областа на културата и јавниот живот.
Изјави Валентин Груевски, носител на листа за советници од СДСМ и коалицијата.