Лицемерието на СДС уште еднаш се покажува на дело. На вториот ден од кампањата, по потпишувањето на Кодексот за фер избори, наместо да се натпреваруваат со идеи, почнаа со ниски лични дисквалификации и лаги.
Очигледно стравот кај СДС од поразот на 15 октомври е толку голем, што наместо да зборуваат за себе и за тоа што ќе направат за Битола се занимаваат со нас.
Ништо друго и не може да се очекува од партија која на ист таков начин, со лаги, по изгубени избори на сила дојде на власт. Граѓаните на 15 октомври ќе им дадат јасна порака дека ќе гласаат за проекти , дела и резултати , а не за озбрувања, некомпетентност и недоследност.
Ијзави: Д-р Олга Лозановска – Член на Советот на Општина Битола