Секогаш со мерак сум влегувала во пазарот за да пазарам квалитетни производи за моето семејство.
Во Битола навистина имаме квалитетни земјоделски производи но секогаш сум излегувала огорчена гледајќи во каква состојба ни е битолскиот пазар.
Она што не ми се допаѓа, што не ми се допаѓаше во минатото и го нагласувам е динамиката со која ние всушност работеле како локална самоуправа за да дојдеме до квалитетен пазар. Ветувам, дека со многу побрза динамика Битола ќе добие пазар токму каков што заслужува, пазар во кој комотно ќе се чувствуваат и пазарџиите, комотно ќе се чувствуваат и оние кои дошле да купуваат но и оние кои ѕемнат и оние кои ги трпат горештините продавајќи ги своите производи.
Изјави Кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска .