Викендов во Општина Новаци ќе се одржи традиционалниот, шестти по ред, Меѓународен турнир во фудбал „Новаци ЛГ куп 2017“, кој традиционално се одржува по повод празникот 8-ми септември – денот на независноста на Република Македонија.
Оваа година ќе усчествуваат 20 екипи со по 40 тимови , 600 деца и 40 тренери од 20 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Натпреварите се одржуваа помеѓу фудбалерите од генерациите 2002-2008 година.
Турнирот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски а настанот ќе се одржи во сабота 09 септември со почеток во 13 часот во дворот на општина Новаци.
’’ Кога пред 6 години прв пат го организиравме турнирот се надевавме дека секоја година ќе биде побогат со учесници, но еве не денес 6 години потоа турнирот прерасна во традиција кој секоја година во континуитет е посетен и успешен. Годинава Општина Новаци е домаќин на 20 фудбалски клубови односно 40 екипи од различни генерации или 600 дечиња на возраст од 8 до 13 години од Македонија, БИХ. Србија и Грција. За два дена на терените во Новаци и Битола ќе се одиграат вкупно 74 натпревари во сите генерации од 2002-208 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
За најдобрите екипи организаторот обезбеди пехари и медали за освоено 1,2,3 и 4 то место но и поединечни награди за најдобар играч,стрелец и голман.
„ Тука сме веќе 4 –та година по ред, многу ми е мило што имаме добри пријатели тука и се надеваме дека ќе продолжи соработката и поатаму. “ рече учесник од Грција.
Затворањето на турнирот ќе биди во недела во 17:00ч. на стадионот во Новаци.