ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ ВО РЕК„БИТОЛА“ И ВО РЕК„ОСЛОМЕЈ“

Денеска, во рудникот Суводол на РЕК„Битола“ беше одбележан 28 август – Денот на Македонските рудари. На свеченоста, покрај менаџерскиот тим на РЕК„Битола“ и вработените на Комбинатот, присуствуваа и претставници на УО на АД ЕЛЕМ Скопје, предводени од директорот за производство на електрична енергија  Благојче Трповски.

Во своето обраќање, директорот на рудниците на РЕК„Битола Зоран Богдановски  го истакна значењето на работата на рударите во крајните производни резултати на РЕК„Битола“, и  се осврна на постигнатите  резултати на оваа производна единица во периодот помеѓу двата празници.  

На присутните им се обрати и директорот за производство на електрична енергија  на ЕЛЕМ, Благојче Трповски, кој акцент во своето излагање  стави на инвестициите  на компанијата во РЕК„Битола“ насочени кон зајакнување на неговите капацитети и продолжување на неговиот век на работење..

Тој истакна дека  во изминатиот период  превземени се серија на  теренски  истраги околу резервите на јаглен  во околината на РЕК„Битола“,    а во тек се и подготвителни активности  за активирање на  јагленовите лежишта Живојно и Мариово. За проектот Живојно во тек е  изработка на главен рударски проект и негова ревизија,  додека во однос на Мариово  изработена  е физибилити студија  околу начините на транспорт на јагленот од тоа лежиште до РЕК„Битола“

 Исто така, нагласи Трповски, во наредните две години ќе се реализира инвестицијата за набавка на рударска опрема која ќе ги засили капацитетите на рудниците во РЕК„Битола“ ,  кои  со свои сили, без ангажирање на надворешни компании ќе можат во целост да ги задоволат потребите од гориво за термоелектраните

На прославата во рудникот Суводол традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година како и победниците на спортските работнички игри, кои синдикалната организација  ги  организира  во чест на Денот на рударите.

Денот на рударите беше пригодно одбележан  и ворудникот на  РЕК „Осломеј“