СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.В. (55) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 09.06.2017 година околу 17.00 часот, на ул. „Ѓорги Сугарев“ во Битола, пријавената започнала вербална расправија со Р.Ш. (63), а потоа и физички ја нападнала. Таа, со туркање на врата од метална ограда, ја удрила по рака, а потоа ја турнала кон паркирано патничко возило, нанесувајќи и тешка телесна повреда.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Д. (50) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавената, како медицинска сестра и поранешна сосетка, правела преврски на рана на И.К.. На тој начин стекнала доверба кај нејзниот син и како противуслуга од него, во повеќе наврати побарала пари на заем. Во периодот од 08.07.2015 до 12.07.2017 година, К.К. и дал евра, денари и австралиски долари во вкупна вредност од 209.100 денари, за кои пријавената постојано ветувала дека ќе ги врати, но до пријавување на случајот тоа не го сторила.