31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август. Истиот ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ која е долга 30 километри и започнува од манастирот Свети Наум и завршува на Градското пристаништето во Охрид. Трката ќе започне во 12.00 часот и околу 18.00 часот ќе се очекуваат првите пливачи кои ќе пристигнат на целта.
Еден од најпознатите македонски маратонски пливачи, кој воедно го освои минатогодишното прво место на Охридскиот пливачки маратон истакна, „Охридскиот пливачки маратон се одржува веќе 31 година, што е доказ за традицијата која ја негува ова натпреварување. Со години на трката се собираат врвни пливачи кои покрај традицијата го прифаќаат Охридскиот маратон како еден прекрасен настан кој има сериозно влијание врз нивната кариера. Пливачи од сите страни на светот веќе пристигнуваат во Охрид. Маратонот и оваа година е дел од Гран При серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА). Во водите на Охридското езеро повторно ќе влезат голем број на врвни пливачи. 10 до 11 од нив имаат сериозни шанси за престижниот трофеј. Покрај машката и женската трка ќе биде со висок интензитет каде 7 девојки ќе приредат сериозно натпреварување за првите три позиции. Верувам дека во духот на традицијата ќе победат најдобриот и најдобрата.“
Евгениј Поп Ацев, кој победи во 2015 и кој ќе се натпреварува и оваа година на Охридскиот пливачки маратон порача, „За овогодинешната трка на Охридскиот маратон очекувам добар резултат и дефинитивно ќе одам на победа. Има многу добри пливачи и резултатите за целокупната награда се многу тесни. Имајќи го во предвид овој предизвик сигурен сум дека 31от Охридски пливачки маратон ќе биде многу добра трка.“
Евгениј Поп Ацев во 2015 година беше првиот Македонец кој победил намаратонот во Охрид. Минатата година тој загуби од Томи Стефановски кој победи и во целосната серија и го најави свое пензионирање од пливањето. За жал оваа година нема да ја има можноста да се проследат овие две легенди на македонското пливање.
„Охридскиот пливачки маратон е еден од најубавите на кои сум учествувала. Езерото е прекрасно и трката е стварно убава и секогаш исполнува. Многу често голем дел од маратоните мора да се снаоѓаат со голем број на организациски предизвици. Ова се случува и во Охрид, но организацијата секогаш ја завршува работата како што треба и затоа секоја година познати пливачи од цел свет се пријавуваат на Охридскиот пливачки маратон. Од организацијатакористат напредна технологија за следење на времето, секогаш има придружба која те прати до целта и многу други работи. Трката е едноставно беспрекорно организирана“ рече Теодора Раптис, една од најтрофејните македонски пливачки која го освои Охридскиот пливачки маратон во 1992 година.
Главен покровител на 31от Охридски пливачки маратон е претседателот на Република Македонија. Маратонот е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.