Уапсено лицето кое пукаше кон Никола Тодоров

Обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер, Никола Тодоров го сторил Љупчо С., 57 годишен граѓанин на Велес кој веднаш  е приведен од полицијата.

Инцидентот се случи пред околу половина час, пред влезот на Министерството за здравство. МВР работи на расветлување на случајот.