Советничката група на опозицијата предводена од СДСМ денес до претседателот на Советот на општина Битола г-ѓа Силвана Анѓелевска поднесе иницијатива за одржување на вонредна седница.
За дневен ред ги предложивме следните точки:
-Превземање на мерки и активности во насока на подготвување на извештаи во врска со настанатите штети и проценка на истите заради санирање на последиците од елементарната непогода – мраз која ја зафати општина Битола во месец Април 2017.
-Предлог заклучоци во врска со санирање на последиците и штетите од доцниот пролет мраз во општина Битола.
Се надеваме дека претседателот на Советот на општина Битола ќе го испочитува нашето барање и во предвидениот законски рок ќе ја закаже седницата на која ќе се разговара за предложените точки на дневен ред.