Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски беше домаќин на гости од Република Франција: г-ѓа Едит Харзич одговорна за децентрализирана соработка со земјите од Балкан при Министерство за надворешни работи на Р.Франција и Себастиен Ботрo Бонтре, аташе за соработка при француската амабасада. Целта на посетата е да се направи увид околу досегашните активности но и да се дадат насоки како во иднина ќе се одвива соработката понмеѓу двете општини Новаци и Коломбел.
„ Ние сакаме да се заблагодариме на вашата општина што толку добро соработуваат и во областа на образованието , исто видовме и дел во с. Брод каде има остатоци, значи колку се потрудиле оваа соработка да биде вистинска па дури и да има докази за тоа. Би сакала да ставам акцент дека јас дојдов тука како претставник на министерството за надворешни работи токму за да кажам дека е од голема важност споменикот кој граѓаните во Коломбел ќе го постават со цел да се овековечи борбата на источниот фронт. Сметам дека ова е многу важно за да им се пренеси на младите генерации за да остани како богатство кое ќе им користи и понатаму.“ рече ѓа Едит Харзич одговорна за децентрализирана соработка со земјите од Балкан при Министерство за надворешни работи на Р.Франција.
„ Многу е важно соработката да продолжи и јас како и госпоѓа Харзич го ставам акцентот на младите зтоа што тоа е многу важно за иднината и токму тоа ќе се види во Коломбел. Во соработката и во реализацијата на ваквите проекти се гледа важноста на она утре, тоа што ќе се случува во иднина. Тука ја гледаме таа децентрализирана соработка тука ја гледаме врската помеѓу Новаци и Коломбел, тука ја гледаме врската помеѓу Македонија и Франција. “ рече Себастиен Ботрo Бонтре, аташе за соработка при француска амбасада.
Општина Новаци со општина Коломбел уште пред две години започнаа соработка за заедничко истражување , означување, уредување и документирање на позначајни места , локации и споменици од Прва светска војна на територијата на општина Новаци. Освен тоа во општина Коломбел планирано е да се постави споменик на загинатите борци во првата светска војна кои загинаа на т.н Солунскиот фронт.
„ Имавме во два наврати гости од Коломбел, разменивме мислења , наша делегација беше таму се со цел да ги развиеме нашите односи затоа што сега се одбележува 100 години од Првата светска војна. Знаеме дека на солунскиот фронт учествувале многу француски војници. Ние имаме аплицирано и со проекти токму на оваа тема за да ги откриеме остатоците да ги документираме и сл. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Меморандумот за соработка помеѓу општините Коломбел и Новаци покрај споменикот вклучува соработка помеѓу младите, образованието и културата.