Градоначалникот на општина Новаци заедно со претседателката на ЗГ Организација на жени Битола Светлана Петковска одржаа прес конференција на која ги информираа медиумите за постапката за отворање на старски дом.
Овој објект ќе биде отворен во постоечката стара амбуланта на излезот од Новаци кон РЕК Битола.
„На барање на жителите на општина Новаци во соработка со Организација на жени започнуваме постапка за отворање на старски дом. Објектот е во наша сопственост кој ќе биде издаден на долгорочна концесија или пак под закуп за оваа намена се со цел да се задоволат барањата на нашите жители. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Средствата за отворање на старски дом ќе бидат на ЗГ Органзиација на жени, ќе се аплицира со проект до ИПА фондовите, ќе се искористат повластиците кои ги нуди Владата на РМ а секако дека учество ќе има и општина Новаци.