Најновата инвестиција на млекарницата „Бимилк“ во износ од два милиона евра е во набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња.
Опремата е веќе доставена во Млекарницата и со неа се произведуваат Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.
Новата „ultra clean“ машина, од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и исклучителен квалитет на производите. Станува збор за флексибилна машина која може да полни различни формати на производи, во ранг од 250 г до 1 500 г. Оваа најмодерна машина има капацитет на полнење од 6.000 до 7.000 шишиња, што ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50 насто.
„Новата машина, која ќе го зголеми капацитетот на производството во Млекарницата, ќе овозможи, пред сè, задоволување на потребите на сè поголемиот број потрошувачи. Наша долгорочна цел е да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, а ова можеме да го постигнеме, пред сè, ако се обѕираме на потребите на потрошувачите и со континуирано вложување во квалитетот на производите и со унапредување на производството. Благодарение на новата инвестиција, потрошувачите ќе можат да уживаат во своите омилени производи: Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во попрактичното ПЕТ-шише“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Бимилк.
Бимилк оваа година одбележува 65 години од работата. Како резултат на континуираното вложување, на подобрувањето на процесот на производство и на постојаното збогатување на своето портфолио на производи, Бимилк денес ужива доверба на повеќе од милион потрошувачи.