Врховниот суд ја укина одлуката за именување секретар на Кривичниот суд

Врховниот суд на Република Македонија ја укина одлуката со која беше именуван новиот секретар на Основниот суд Скопје 1-Скопје и тоа со решение кое што го донесе Владимир Панчевски, сега веќе порашениот претседател на скопскиот кривичен суд.

Одлуката на Врховниот суд е во склад со укажувањата дека изборот кој што го направи Панчевски е спротивно на законот, а за што против него беше поднесена и кривична пријава.

Ниту Врховниот суд, ниту Основниот суд Скопје 1-Скопје не ја коментира одлуката, а останува и непознато какви се последици ќе предизвика, бидејќи Панчевски беше кривично пријавен токму поради начинот на кој што тој го именуваше новниот секретар на судот, откако стариот секретар, пред нешто повеќе од еден месец, замина во пензија.