На последните избори јасно, гласно го кажавте својот избор – ОДБРАВТЕ ЖИВОТ во Битола.
Нема ништо поважно од здравјето на граѓаните. Секоја одговорна политика во преден план ги става граѓаните и обезбедување на квалитетен живот и здрава животна средина.
Како одговорна партија, СДСМ на следната седница ќе побара точка на дневен ред:
Информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Битола и извештај за преземените мерки на општина Битола.
Општина Битола преку одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина , преку своите советници за животна средина со овие информации треба прегледно да располагаат.
Од оваа точка треба да произлезе и заклучок за преземање итни краткорочни мерки заради загаденоста на воздухот.
Од друга страна, на следната седница кога ќе се носи буџетот на Општина Битола за 2017 година, СДСМ ќе предложи и долгорочни мерки во изнаоѓањето на решенија за намалување на загаденоста на воздухот во општина Битола а кои се во согласност со програмските определби на СДСМ – За живот во Македонија.