Во вторникот ноќта, во запален стан најдена е почината постара жена, која вдишала преголеми количини чад и се задушила.
Имено, како што соопшти полицијата, во вторникот , во 1.20 часот во полицијата во Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пријавено е дека тие интервенирале на ул. „Н.Тримпаре“, каде бил опожарен стан, во кој било можно да има луѓе.
По преземени мерки констатирано е дека во станот било лицето С.Г. (82), која починала на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување од чад, а пожарот бил предизивикан најверојатно од електрична греалка.
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб.