Очекуваме од Управниот суд да одлучува според Закон. Ни по нивно, ни по наше. Онака како што требало да одлучува и во минатото. Само и единствено по Закон, изјави во вторник Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање.
Коментирајќи го составот на Советот на судиите кој расправаше во понеделникот, Манчевски со став дека целиот состав на Управниот суд е еден од нотираните проблеми во бројните меѓународни извештаи во Македонија.
„Судските реформи ќе следуваат по промената на Власта, кога ќе спроведеме целосен реизбор на сите судии во Македонија“, рече Манчевски.