Руски сенатор тврди дека тајните служби на НАТО го организирале атентатот на рускиот амбасадор

Убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов било испланирано од тајните служби на НАТО, тврди сенаторот Франц Кинтисевич, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на горниот дом на рускиот паралмент.

Карлов беше застрелан од турски полицаец за време на отврањето на уметничка изложба во Анкара.

Сенаторот Франц Кинтисевич тврди дека тајните служби на НАТО стојат зад убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов.

Убиецот Мевлут Алтинта, 22, подоцна бил убиен додека стоел покрај телото на Карлов извикувајќи „ова е за оние кои страдаат во Алепо“.

Сенаторот Франц Клинтсевич, заменик-претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на горниот дом на рускиот паралмент, денеска изјави: “Тоа беше планирана акција”, објави британски Mail Online.

Сенаторот Франц Клинтисевич тврди дека тајните служби на НАТО стојат зад убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов.

„Сите знаеја дека тој треба да присуствува на оваа изложба на фотографии. Обиди да се повреди Ердоган можат да дојдат од ИСИС или од курдската војска. Но, можно е – и многу е веројатно – дека претставници на странските тајни служби на НАТО стојат зад ова. Тоа што се случи е чиста провокација, предизвик. Тоа е предизвик за Русија“, рекол Кинтисевич.

Снимките направени откако убиецот го застрела Карлов покажуваат како тој извикува: “Не го заборавајте Алепо…. Не ја заборавајте Сирија! ”

Тој, исто така, извикуваа “Алах акбар” арапската фраза за “Господ е голем”, а продолжува на арапски: “Ние сме потомци на оние кои го поддржаа пророкот Мухамед, за џихад.“