Осомничениот возач на камионот кој влета во толпата на божикниот пазар во Берлин во понеделникот вечерта, најверојатно од претходно ѝ бил познат на полицијата, пишува во вторникот таблоидот Bild.
Во понеделникот вечерта непознати лица влетаа со камион во луѓето на божикниот базар во германската престолнина Берлин, и притоа загинаа 12 луѓе а 48 се повредени.
Според сознанијата на германските медиуми, во кабината на камионот имало две лица, едниот загинал, а вториот е уапсен.
Изворите на Bild потврдиле дека уапсениот е државјанин на Пакистан. Тој како бегалец дошол во градот Пасау, на југоистокот од Германија, на 31-ви декември 2015 година. Таблоидот, исто така, пишува дека мажот веќе бил под присмотра на полицијата поради помали инциденти.
Весникот Wlt, пак, прецизира дека уапсениот е 23-годишен Пакистанец, кого го идентификува како Навед Б. Како што претходно објави берлинската полиција, истрагата се води во насока дека камионот бил намерно насочен кон толпата. По инцидентот, во Берлин е подигнато нивото на безбедносни мерки од можен напад.
Во меѓувреме министерството за надворешни работи на Полска ја потврди медиумската информација дека мртвиот напаѓач е нивен државјанин.