Лидер по прометот на Македонската берза во тргувањето во понделникот беше акцијата на Фрустелaрко борец АД Битола со промет до 5,3 милиони денари при што се истргуваа 4.427 лотови по цена од 1.200 денари.
Зголемен обем на тргување имаше и со акциите на Скопски пазар, каде преку две блок трансакции се истргуваа 424 лотови по цена од 12.000 денари. По остварениот промет следеа акциите на Стокопромет околу 2,5 милиони денари, Макпетрол 1,7 милиони и Алкалоид со милион денари.
Вкупниот промет изнесуваше 17,6 милиони денари и се реализираа во 64 трансакции, при што добитни и без промена беа по три хартии, додека во пад беа 9 хартии од вредност со кои имаше промет.
МБИ10 забележа нов пад на вредноста од -0,82 отсто додека ОМБ повторно остана непроменет.