Берлин: Возач влетал со камион во тезги на саем, најманку 12 мртви

Најмалку 12 лица загина, а 48 се повредени кога возач на камион влетал во тезгите на Божикниот саем во германската престолнина Берлин. Полицијата овој случај го истражува како можен терористички напад, без да објави повеќе детали.

Полицијата го упасила возачот на камиот, Пакистенаец кој во февруари влегол како мигрант во Германија. Според очевидци камионот се движел со брзина од околу 80 километри на час, во дел од градот, во кој е тешко да се стигне со моторно возило.

Инаку камионот кој ја предизвикал несреќата бил регистриран во полскиот град Гдањск, а целата драма поприми меѓународен карактер, откако комапнијата чии бил камионото го пријавила исчезнувањето на камионот и на возачот.