Управниот суд во понеделник вечер ја заврши седницата на која разгледа две од вкупно четири поднесени тужби од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со одлуките на Државната изборна комисија(ДИК) за наводни изборни нерегуларности.
СДСМ тужбите ги поднесе заради отфрлени приговори од страна на ДИК за избирачките места 1978 во Tетово и 2025 во Теарце.
Судиите во вторник ќе продолжат со разгледување на уште две тужби на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе бидат објавени пресудите кои се конечни.
Рокот до кога Управниот суд треба да ги соопшти пресудите истекува во вторник на полноќ.