Тројца ранети во оружен инцидент во исламски центар во Цирих

Три лица се ранети во понеделник во оружен инцидент во исламски центар во центарот на Цирих, соопшти весникот Blick.

Градската полиција потврди дека околу центарот има ранети, без да прецизира за што станува збор.

Швајцарските медиуми пренесуваат дека целото подрачје е блокирано.

Весникот 20 Minuten додава дека осомничениот е во бегство по инцидентот во близина на главната железничка станица во швајцарската финансиска метропола.