Камбовски: Неумесна е изјавата на Груевски за амбасадорите

Изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во саботата за амбасадорите е неумесна, оцени во понеделник академик Владо Камбовски.

„Сметам дека таа е неумесна во најмала рака, меѓутоа ако беше дадена од некој државен орган или или претставник на државен орган ќе ја осудев. Меѓутоа, таа е дадена во функција на партиски ставови. Едно се личните изјави и ставови па дури и партиски, а друго е интересот на државата. Бидејќи, процесот на евроатлантски интеграции и целиот тој проект не е проект на поединец или на партија, туку е општествен проект“, рече Камбовски.

Според него, доколку обвинувањата се упатени директно кон амбасадорот Бејли или било кој друг амбасадор не би било добро.