Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во понеделникот оствари средба со американскиот амбасадор Џес Бејли, со кого разменија мислења околу изборниот процес и новонастаната ситуацијата по изборите во земјата, соопштуваат од ДУИ.
Ахмети на средбата се осврнал и на ставовите на ДУИ во однос на придонесот за стабилност и безбедност во земјата, како и за безбедноста на граѓаните.
Лидерот на ДУИ ја истакнал важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и на јазичната и економска еднаквост, реформи и владеење на правото како и евро атлантската интеграција.
Ахмети додал дека сите достигнувања во изминатите 15 години во земјата се реализирани во соработка со меѓународната заедница, вклучувајќи го и разрешувањето на кризата, и затоа ова стратешко партнерство на ДУИ со американските сојузници ќе продолжи во духот на исполнување на заедничките интереси, полноправно членство во НАТО и ЕУ.
Ахмети исто така говорел и за „одредени групи кои сакаат несигурност, геополитичка нестабилност и непредвидливост на земјата“, уверувајќи дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста, стратешка определба на земјата и партнерство со Брисел и Вашингтон.