Ден “D” за Трамп,електорите официјално бираат претседател

Додека Доналд Трамп забрзано го составува  својот кабинет и планира претседателска програма, САД дури денес официјално бира претседател, а тоа ќе го сторат 538 електори од сите сојузни држави, при што постои мала веројатност тие да донесат изненадувачка одлука – да гласаат по свое.

На изборите на 8 ноември, Хилари Клинтон го надмина републиканскиот противник во вкупниот број гласови за два процентни поени, но одлучувачки беше тоа што Трамп победи во повеќе држави и така освои 306 електори наспрема 232 кои ги освои неговата противкандидатка, што му донесе победа.

Меѓутоа, ниеден електор нема уставна обврска да ја следи волјата на народот што го претставува во поединечни америкнаски држави, и така, на денешните избори на таканаречените „превртливи електори“ би можеле да гласаат по сопствено убедување и Трамп да не добие претседателски мандат, иако шансите за тоа се мали, но таков исход е можен според законот, наведува CNN.

Според првото сценарио, кое подразбира официјална победа на Трамп, врз база на исходот на претседателските избори од 8.ноември се предвидува дека ќе добие 306 гласа во Изборниот колегиум составен од електори, а потребно му се најмалку 270 за формално да биде избран за претседател на денешниот електорски состанок.

Другото сценарио би било „превртливите електори“ да гласаат по свое, односно за демократската кандидадтка Хилари Клинтон. Таа на изборите на 8.ноември доби 232 изборни гласови, што е 38 помалку од потребните 270 за да биде избрана за претседател.

Ваков исход, истакнува CNN, е прилично неверојатен пред се заради начинот на кој е сотавен Изборниот колегиум, имено, електорите се бираат на ниво на држава и тоа на два начина – на партиска конвенција или со одлука на државниот партиски одбор.

Ова значи дека електорите често се партиски лојалисти и активисти, и доколку денес наместо за Трамп гласаат за Клинтон, „превртливите електори“ не само што ќе му свртат грб на Трамп туку и ќе им пркосат на своите републикански пријатели и колеги.

Според третото сценарио, републиканските електори би го изневериле Трамп, но од друга страна, ниеден кандидат не би ги добил потребните 270 гласови.

Ваквата опција е тешко остварлива од повеќе причин, а една од нив е тоа што  ако ништо во Уставот ниту во федералното право не ги спречува електорите да гласаат за кандидадт кој не освоил мнозинство гласови на народот во нивнат адржава, 29 држави имаат закони со кои се обесхрабруваат потенцијатлните „електорски одметници“.

Меѓу казните предвидени со таквите закони, се и потенцијлани парични казни или закана за смена со други електор, иако ваквите закони ретко биле употребувани.

Доколку пак, електорите гласаат така да ниту Трамп ниту Клинтон не ги добијат неопходните 270 гласови, и доколку Конгресот не може да реши кој е победник, во тој случај новиот претседател ќе биде вршител на должност претседател.

Електорските гласови ќе ги преброи и потврди Конгресот на заедничко заседание на 3. јануари, а било кој друг резултат освен победа на Трамп, САД би го втурнал во хаос каков не е виден во последните 140 години, заклучува CNN.