Според последните податоци за трговска размена објавени од Народна Банка, во првите девет месеци во Републија Македонија се увезени нафта и нафтени деривати во вредност од 265,1 милиони евра.
Споредбено со истиот период лани е за е за 57,2 милиони евра помалку, односно кога биле увезени нафта и нафтени деривати во износ од 322,2 милиони евра.
Факт е дека добар дел од заштедата произлегува од цената на нафтата. Во текот на оваа година цената на црното злато на светските берзи е во пад, па така цената на бензинот во некои земји се спушти под цената на млекото и водата.
Заштеди се направени и при увозот на струја. Во првите девет месеци годинава, увозот на електрична енергија бележи вредност од 63,6 милиони евра, што е за 23,9 милиони евра помалку споредбено со истиот период ланикога во првите три квартали е забележан увоз на струја од 87,5 милиони евра. Извозот на струја, пак бележи пад за 3,7 милиони евра,односно од 9 милиони евра во првите девет месеци лани на 5,3 милиони во првите девет месеци годинава.