Во понеделник во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност, во западниот дел, додека во источните делови ќе дува слаб северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени, во Скопје слично време со максимална дневна температура до 4 степени.
Во наредните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб, а во средината на неделата поради спуштање на постудена воздушна маса и умерен ветер претежно од североистичен правец.