Женската ракометна репезентација на Македонија немаше среќа на извлекувањето на бараж двојките за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи наредната година во Германија.
Македонските ракометарки кои во конкуренција на Исланд, Австрија и Фарски острови изборија пласман во баражот, за влез на Мундијалот ќе играат против Шведска.
Шведските ракометарки ЕП кое, в недела, ќе заврши во оваа земја, го завршија во втората фаза и на извлекувањето беа едни од посилните противници.
Бараж дуелите ќе се играат во јуни наредната година, а Македонија на првиот меч ќе биде во улога на домаќин.
Бараж двојки за СП во 2017:
Македонија – Шведска
Црна Гора – Белорусија
Италија – Србија
Русија – Полска
Унгарија – Словачка
Романија – Австрија
Украина – Шпанија
Хрватска – Словенија
Чешка – Турција.