Вардар со победа над Мешков Брест ја заврши годината

Ракометарите на Вардар со победа во Белорусија, против Мешков Брест, ставија крај на оваа година. Вардар, во 15-от меч во СЕХА лигата, го победи Мешков Брест со 35:30.

„Црвено-црните“, во Белорусија, одиграа одлично прво полувреме, во кое имаа предност и од осум голови (18:10), а по 30 минути резултатот бше 19:12 за Вардар. Во вториот дел македонскиот првак искусно ја одржуваше предноста и не дозволи победата во ниту еден момент да му биде оспорена.

Вардар по 15 натпревари во СЕХА лигата е лидер со 38 бодови и обезбеден настап на завршниот турнир.

Против Мешков Брест тимот до 11-та победа во регионалната лига тимот го предводеа Карачиќ, Дибиров, Душебаев и Борозан кои постигнаа по пет гола.