Тревога од цунами на Пацифик посилниот земјотрес кај Папуа

Тревога поради можно големо цунами е прогласена во саботата во неколку земји на Пацифик по земјотресот со магнитуда од 7,9 степени по Рихтер на истокот од Папуа Нова Гвинеја, соопшти Центарот за предупредување од цунами во Пацифик (PTWC).

Бранови со височина до три метра може да го погодат брегот на Папуа Нова Гвинеја, соопшти PTWC по земјотресот кој се случи во 11,51 часот по средноевропско време со епицентар на длабочина од 75 километри во западен Пацифик. Американскиот геолошки институт USGS ја ревидираше магнитудата на потресот од 8 на 7,9.

Од PTWC предупредуваат дека цунамите во идните три часа би можело да ги погоди не само бреговите на Папуа Нова Гвинеја, туку и на Индонесиза и Соломоновите острови, Похнпеи, Чук, Наури, Ваниту…Тревога прогласи и службата за цивилна заштита на Нов Зеланд,

Земјотресите се релативно често околу Папуа која лежи на 4.000 километри од пацифичко-австралиската тектонска плоча, која е дел од ткн „огнен прстен“, жариште на сеизмичките активности поради судирот на двете тектонски плочи.