Хјустон и Харден рекордно

Кошаркарите на Хјустон, изминатата ноќ, го собоија сопствениот рекорд според бројот на постигнати тројки на еден натпревар. Новиот апсолуатен рекорд во НБА лигата изнесува 24 тројки на еден меч.

Хјустон славеше над Њу Орлеанс 122:100, а натпреварот ќе влезе во клупската и историјата на НБА лигата. Играчите на Хјустон постигнаа 24 тројки од 61 обид и за една тројка го надминаа сопствениот рекорд од пред три години, а Џејмс Харден го забележа 15-от трипл дабл и на клупската листа го мина Хаким Олајџувон.

„Хаким е најдобриот играч на Хјустон на сите времиња, еден од најдобрите кои играле воопшто кошарка и точка. Поради тоа ова е голема чест, им благодарам на соиграчите и тренерите кои ми помогнаа“, рекол Харден.

Популарниот „Брада“, апсолутно доминираше на овој меч со 29 поени, 11 скокови и 13 асистенции. Во рушењето на рекордот тој учествуваше со шест тројки.

Ист број на поени како Харден постигна и Ерик Гордон (седум тројки), а Тревор Ариза уфрли пет тројки, вкупно 20 поени.

Хјустон со скор 20 победи и седум порази се наоѓа на четвртото место во Западната конференција.