Партијата ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува физичкото насилство коешто се случи последните три дена зад ко се сомнева дека е многу веројатно оти стојат политички мотиви.
„Го повикуваме министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите и нарачателите на ваквото физичко насилство, и да ги изнесе пред лицето на правдата“. се истакнува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, предупредуваат дека „непостапувањето, или ненавременото постапување од страна на државните институции, ќе создаде атмосфера, овие криминални дејствија на поединци, да ги решава улицата и самите граѓани“.
Изминатите неколку дена медиумите пишуваа за неколку, а еден случај сопотешки последици Министерството за внатрешни работи го потврди, дека возрасни лица се нападнати од политички мотиви. Едниот случај е од средата вечерта во центарот на Скопје, во кој настрада познат македонски алпинист, а вториот се случи во петокот вечерта кога е претепан во населбата Карпош учесник на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) на кои учествуваат активисти и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Според медиумските извештаи, и во двата случаи станува збор за политички мотивирани напади.