Доцна вечерта во петокот вопартиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Никола Груевски, и неговиот соработници, по средбата со американскиот амбасадор во Република Македонија ЏејсБејли, разговараа и со амбасадорот на Европската унија, СамуелЖбогар, како и со амбасадорот на Норвешка, АрнеСанесБјорнстад
На средбата со ЕУ амбасадорот СамуелЖбогар, челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го придружуваа партиските функционери Владимир Ѓорчев, Александар Николоски, Никола Тодоров и Никола Попоски, соопштија од партијата.
Жбогар, покрај честитката за успешно спроведените избори, пренел неколку пораки од Брисел, поточно оти во престолнината ЕУ ценат дека изборите биле слободни и фер, имало голема излезност, дека тоа е многу позитивно примено во Брисел и дека иако имало многу негативни претпоставки во однос на изборите и изборниот ден, сепак надвладеала мирна кампања и мирен изборен ден.
„Амбасадорот додаде дека Брисел очекува парламентот што поскоро да почне да работи и да се избере влада, и потенцираше дека е добро доколку се обезбеди поширока поддршка во парламентот поврзана со реформската агенда која е дел од процесот од зачленување во ЕУ. Тој нагласи дека Брисел повикува на лидерство со цел протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) да не излезат од контрола и изрази загриженост од реториката која се користи од дел од говорниците во демонстрациите. Нагласи и дека ЕУ не се меша во работата на ДИК“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од страна на партијата беше изразена благодарност за честитките за слободните и фер избори. Беше потенцирано дека партијата е повеќе од две години загрижена од реториката, но и активностите кои беа преземани при протестите кои се случуваа во Македонија, како што беа палењето на канцелариите на Претседателот на државата, кршење и уништување државен имот, обидите за насилно влегување и палење на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од полицијата, и редица други слични постапки“, се додава
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ потенцирале дека партијата подржува мирни демонстрации и не подржува говор на омраза, но дека жали што Брисел и меѓународната заедница „не изразуваше ваква загриженост и во претходните две години додека се одвиваа демонстрациите“, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека европската агенда треба да е приоритет на новиот парламент и на новата влада.
„ВМРО-ДПМНЕ изрази разочараност од некои одлуки на ДИК, кој се обидува да изврши постизборен инженеринг, по што следеа детални информации околу скандалозното гласање на ДИК за поништување на едно избирачко место, базирано на изјава на личност дека не гласала, а истовремено сите членови на изборната комисија потврдија дека на прстот на лицето кое вели дека не гласало имало видливи траги од спрејот кој се става кај секој гласач“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата информирала дека на ДИК му било предочено дека веќе постои судска практика во земјата , преку веќе донесена судска одлука, со која одлука е решено дека во случај ако на некое лице му било ускратено правото на гласање, тоа имало право да бара заштитата на своето избирачко право, и нема основа за поништување на истото изборно место, посебно ако се земе предвид, дека тој глас нема влијание на конечните резултати.
„Амбасадорот потенцираше дека тие не ги коментираат одлуките на независни државни институции, каква што е ДИК, и колку што разбира конечната одлука треба да ја донесе Управниот суд, доколку има жалба на одлуките на ДИК. На крајот на средбата амбасадорот Жбогар уште еднаш посочи дека очекува лидерство во правец на неескалирање на состојбите, на што беше одговорено дека неможе да се предвиде што ќе се случи, бидејќи има голем број револтирани граѓани чии постапки неможе да се предвидат и целосно контролираат доколку институциите не работат согласно законот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Подоцна, исто така во петокот ноќта, Груевски овојпат заедно со партиските функционери Владимир Ѓорчев, Антонио Милошоски, Зоран Јолевски остварил средба со норвешкиот амбасадор, АрнеСанесБјорнстад.
На средбата со амбасадорот на Норвешка, од ВМРО-ДПМНЕ го осудиле „обидот на партиите кои ги загубија изборите и на нивните поддржувачи“, преку поголем број жалби да издејствуваат „незаконско гласање на членовите на ДИК и изигрување на волјата на граѓаните“.
„ВМРО-ДПМНЕ на тоа одлучно ќе се спротистави и нема да дозволи спроведување на постизборен инженеринг во Република Македонија“, му предочиле партиските челници на норвешкиотамбасадорБјорнстад.
„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека за време на изборите СДСМ вршеше плаќање на гласачи, особено во социјално ранливите семејства, што барем во еден дел беше документирано од надлежните институции и за тоа се водат постапки, додека од страна на ВМРО-ДПМНЕ немаше ниту едно прекршување на законот“, се додава во соопштението.
На прашање на амбасадорот, Груевски и соработниците одговориле дека во последните две години во Република Македонија имало сериозно мешање на одредени претставници на меѓународната заедница во внатрешните работи на земјата, и во внатреполитичките, како и во меѓупартиски работи.
„Тоа, иако потзадскриено, беше присутно од одредени фактори и во предизборниот и за време на изборниот период. Таа практика треба да запре“, побарале од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај политичките, било разговарано и за економските прашања, како и успесите кои владата ги постигнала во привлекувањето на инвестиции и отворање на нови работни места.