Членовите на Државната изборна изборна комисја (ДИК) во петокот со шест гласови „за“ и три „против“, го усвоија еден од осумте приговори на Движењето Беса, кое се однесуваше на едно избирачко место во Гостивар, во Изборната единица 6, и донесоа одлука да се поништи гласањето на тоа избирачко место, а доколку има разлика да има прегласување на него.
Станува збор за гласачкото место 0396/1 во Гостивар. Во неделата на 11-ти декември на ова избирачко место гласале 450 лица од запишани околу 900 избирачи. Разликата во целата Шестата изборна единица е 307 гласа, а во ова гласачко место СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со 102 наспроти 74 гласови.
Според тврдењето на опозицијата, со прегласување во избирачките места во оваа изборна единица, СДСМ ако добие повеќе гласови може да земе еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Изборната единица 6, победи ДУИ со 40.599 гласови кои му обезбедија 6 пратеници, а втора беше ВМРО-ДПМНЕ со 26.135 гласови кои носат 4 пратеници од оваа изборна единица, додека СДСМ доби 25.828 гласови и 3 пратеника. Но БЕСА, која е блиска опозициска партија со социјалдемократите освои 25.054 гласови, и исто така, 3 пратеника. По два мандата од „шестката“ освоија Алијансата за Албанците и ДПА.
Уште во четвртокот вечерта, откако беа одбиени седумте други преговир на Движењето, во ДИК се разви жестока и широка дебата по приговорот, а спорно беше, како што тврдат од БЕСА, тоа што гласачката Фатиме Сулејмани кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас.
Од Избирачкиот одбор во четвртокот тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.
Во ДИК беа повикани на сослушување претседателот и членовите на избирачкиот одбор, како и самата Сулејмани, по што беше донесена одлука да се изврши графолошко вештачење на потписот.
Графологот одреден во ДИК во четвртокот ноќта со жрепка, во петокот утврди дека нејзиниот потпис бил фалисфикуван.
Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неприфатливо што овластениот претставник на СДСМ за поднесувањето на приговорите до ДИК, многу се заземал за случајот, инаку приговор поднесен од Движењето БЕСА. Таа и во петокот побара сите пет членови на Избирачкиот одбор да дојдат, што беше отфрлено со надгласување од членовите на ДИК.
Бонева очекуваше да биде отфрлен приговорот затоа што тој еден глас не влијае на резултатите од изборите. Сепак, таа напомена дека немаат начин како да утврдат како друга жена ја имала личната карта на Сулејмани и вешто го имитирала нејзиниот потпис, ако се знае дека нема пријава дека личната карта е украдена или изгубена. Што ако е била намерно дадена на друго лице.
Истакна дека за вакво кривично дело казната е затвор до три години за членовите на изборачкиот одбор.
Во ДИК во петокот вечерта се одлучува за уште два приговора поднесени од СДСМ. Досега четири од приговорите ги одби Комисијата, а два ги повлече самата партијата.
Во меѓувреме, протестот на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ започнат во четвртокот вечерта пред зградата во која е седиштето на ДИК продолжува втор ден. Демонстрантите кои изминатата ноќ на многу ниски температира се собраа во голем број од повеќе градови од земјата, велат дека сакаат да „го одбранат“ изборниот резултат од 11-ти декември, по кој според прелиминарните конечни резултати на ДИК, нивната партија освоила 51 мандат а опозицискиот СДСМ – 49 пратеници во новиот состав на Собранието.