Бесплатен јавен транспорт во Париз заради зголеменото загадување

Властите во Париз, главниот град на Франција, објави дека јавниот трнаспорт во петок ќе биде бесплатен затоа што нивоата на загаденост на воздухот се повторно високи.

Јавниот транспорт е бесплатен во петок затоа што денеска на улиците на Париз може да се возат возила со парни броеви на регистарските таблички.

Потегот доаѓа откако беа измерени високли нивоа на загаденост на воздухот во градот, по четирите дена бесплатен транспорт и рестрикции во сообраќајот минатата недела.
Властите очекуваат состојбата да се влоши во сабота.

Полицијата објави дека ќе го мониторираат центарот на Париз и 22 околни града за да се осигураат дека возачите се придржуваат до рестрикциите во сообраќајот.

Минатата недела слични рестрикции беа воведени од вторникот до петокот откако во воздухот беа измерени 80 микрограми на еден кубен метар воздух PM10 четички.

Загадувањето е потпомогнато и од студеното време, сувото време и временски услови во кои речиси да нема ветар, со што загадувачките елементи се заробени во градот.