Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во петок се појави во судот каде треба да се одржи рочиште за предметот поднесен од Специјалното јавно обвинителство за наводно нарачни насилства во Општина Центар во 2013 година.
Со Груевски дојдоа и другите обвинети, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова, и двајца советници од општина Центар.
Во случајот обвинети се девет лица. Обвинението се однесува за учествување во насилството потикнато од политичарите.
Обвинителка во овој случај е специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, а судијка е в.д. претседателката на судот Татјана Михајлова.
Обвинението беше покренато на 15 септември. Политичарите се товарат дека организирале собири поради најавеното оспорување на Детален урбанистички план на Советот на општина Центар. За ВМРО-ДПМНЕ и овој случај е дел од политичката агенда на СЈО и СДСМ.