Лидерот на ДУИ Али Ахмети, и покрај најавите дека нема да патува во Тирана, сепак во четвртокот попладнето имаше средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Од кабинетот на Рама соопшти дека на средбата Рама-Ахмети било разговарано за состојбата по изборите во Македонија.
Истиот извор наведува дека во Македонија неопходно треба да се имплементира Охридскиот договор. Ахмети во изјава за албанските медиуми истакна дека покрај средбата со Рама имал средба и со претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета и претседателот на државата Бујар Нишани.
На средбите било разговарано за позицијата на албанските политички партии кои добија пратеници во новиот состав на Собранието на Македонија, како и за заштитата на интересите на Албанците во Македонија.
Албанските медиуми нагласуваат дека албанскиот претседател Бујарн Нишани за разлика од Рама и Мета официјално му ја честитал и победата на ДУИ на Али Ахмети на неделните избори во Македонија. Медиумите исто така ја изнесуваат и оценката дека доцнењето на средбата на Ахмети со премиерот Рама и средбите со другите албански државници е пред се политички трик на Ахмети и штитење на рејтингот на политички план, за што и не допатувал на денот кога и другите лидери на албанците од Македонија биле во Тирана.