Обама најавува акција против Русија поради хакерски упад

Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе преземе акција против Русија за нејзиното наводно мешање во американската претседателска изборна кампања.

„Треба да се преземе акција и ние тоа ќе го направиме”, изјави тој за американската радио станица NPR.

САД ја обвинуваат Русија за хакирање на мејловите  на Демократската партија и на клучниот помошник на државниот секретар Хилари Клинтон, наводи кои Кремљ силно го негира, пишува британски BBC

Републиканскиот новоизбран претседател Доналд Трамп, исто така, ги отфрли ваквите обвинувања нарекувајќи ги „смешни“ и политички мотивирани.

Агенциите за разузнавање тврдат дека имаат цврсти докази дека руски хакери поврзани со Кремљ извршиле хакерски напади.

Во четвртокот, портпарол на Белата куќа изјави дека претседателот Владимир Путин бил вклучен во сајбер-напади. Неколку часа подоцна, Обама изјави: “Мислам дека не постои сомнеж дека кога странска влада се обидува да влијае на интегритетот на нашите избори, треба да се преземе акција и ние тоа ќе го сториме, а времето и местото за таква акција ќе биде  наш сопствен избор“.

„Дел од таа акција може да биде експлицитен и јавен. А останатото нема да биде да биде јавно. Господин Путин е свесен за моите чувства во врска со ова, затоа што зборував со него директно на оваа тема“, ја цитира изјавата на Обама британски BBC.