Попоски на состанокот на партнерската комисија на земјите членки на САД-Јадранската повелба

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски во петок ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на повелбатa: Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД кој, во рамки на хрватското претседавање со Повелбата, ќе се одржи во Загреб.

Се очекува на состанокот, министрите за надворешни работи да разменат мислења за актуелната политичка состојба и безбедносните предизвици во ЈИЕ, со посебен акцент на евроатлантските процеси во регионот.

На министерскиот состанок ќе биде и формално преземено претседавањето со САД-Јадранската повелба од страна на Република Македонија.