Ракометната судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е избрана за најдобра во светот за оваа година. Изборот го организираше Светската ракометна федерација, IHF.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се најдобрата судиска двојка во светот на ракометот, во изборот на IHF. Македонските судии признанието го освоија пред Данците Гјединг и Хансен, односно српските судии Стојковиќ и Николиќ.
Начевски и Николов годинава судеа на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро, а ќе бидат дел и од Светското првенство во Франција кое ќе започне на 16.јануари наредната година.