Во тек е евакуација во енклавите под контрола на бунтовниците во сирискиот град Алепо, изјавија официјални претставници на Црвен Крст.
Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (ICRC) евакуираше околу 200 лица, пренесува британски BBC, и додава дека се гледа колоната на амбулантни возила и автобуси упатени кон источните области, како дел од поширока евакуација.
Борци и цивили требаше да заминат во средата, но договорот за прекин на огнот пропадна.
По четиригодишна битка, владините сили оваа недела ги презедоа речиси сите преостанати делови под контрола на бунтовниците.