СДСМ осудува секаков вид насилство и апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и нервозата што ги шири ВМРО-ДПМНЕ по поразот на изборите.
„Јасна е определбата на граѓаните против режимот, а за живот во Македонија и нема никаква причина да се одговара на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да испровоцира тензија меѓу граѓаните“, се вели во реакцијата од СДСМ.
Социјалдемократите во врска со информациите објавени на некои портали дека се случило физичко насилство мотивирано од политички антагонизам, порачуваат дека доколку тоа навистина се случило, оштетените веднаш да пријават во полиција, а МВР да направи истрага и согласно законите да постапи против насилниците.