Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Зоран Заев

Оставка од лицето Зоран Заев,градоначалник на Струмица.

Веке изминува четвриот ден, откако аболицираниот криминалец Заев не си дава оставка,а СДСМ – Битола се плаши да му каже дека ја уништува партијата. Четврти ден како СДСМ јавно бега од одговорност, а приватно говорат дека се додека се партија предводена од криминалец аболициран за украдени 8 милиони евра не може ниту да се надеваат дека ќе ја добијат довербата од граѓаните.

Четврти ден како СДСМ Битола одбегнува да одговори кој е единствениот аболициран политичар за криминал во Република Македонија и која е единствената партија предводена од аболициран криминалец.

Владимир Талески е жртва на насилството и деструкцијата кои Зоран Заев ги врши врз Македонија и нејзините институции. Владимир Талески е жртва на класична политичка манипулација со јавноста, чија цел  не е спроведување на законот, туку очаен обид на СДСМ по серијата погрешни и неуспешни чекори, да ги мотивира своите приврзаници и членови, во својот очаен обид да го подигне својот низок рејтинг.

Изјави : Проф . Д-р Силвана Анѓелевска – Претседател на Советот на Општина Битола и Потпретседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Битола.